Министерството за внатрешни работи денес соопшти детали во врска со пожарот кој вчера избувна во просториите на Министерството за образование и наука.
-Околу 07.30 часот, во објектот каде што е сместено Министерството за образование и наука на бул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во канцеларија на 11-ти кат избувнал пожар. Во пожарот бил опожарен клима уред, информираат од МВР.
Од полицијата посочуваат дека пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.