среда, 19. декември 2018. Вести денес: 124
home Хроника

МВР со детали за пожарот на Беласица

МВР со детали за пожарот на Беласица

На 10.10.2018 година во 13.50 часот било пријавено дека настанал пожар на планината Беласица на македонска територија во правец на место викано „Тиха долина“ и место викано „Сарикаја“, помеѓу селата Банско и Свидовица, информираат од МВР.

Пожарот бил локализиран во 17.40 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица и работници на ПШС-Беласица. Во пожарот биле зафатени околу 105 хектари високо стеблеста шума бука и бел бор.

Од полицијата велат дека увид ќе се врши во текот на денот.