вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за параглајдеристите кои паднаа на Галичица

МВР со детали за параглајдеристите кои паднаа на Галичица

На 09.07.2019 година во 15,10 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка М.П. (30) од Украина,  а по неа слетал параглајдерист А.М(41)  од Украина.

Лицата биле на албанска територија, на непристапен терен,  но веднаш се преземени мерки за нивно спасување.

По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош, информираат од МВР.