среда, 2. декември 2020. Вести денес: 7
home Хроника

МВР со детали за опожареното возило во Центар, оштетени уште три возила

МВР со детали за опожареното возило во Центар, оштетени уште три возила

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„ВМРО“ настанал пожар, при што целосно било опожарено паркирано патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.И.(49) од Скопје.

-Од пожарот биле зафатени уште три паркирани возила: „бмв Х5“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(49) од Скопје, „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н.(31) од Скопје и „даеву тико“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.З.(55) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а известен е и Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус