четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за апсењето на малолетникот кој усмрти кучиња

МВР со детали за апсењето на малолетникот кој усмрти кучиња

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17 часот, полициски службеници на СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го привеле Г.С.(17) од Скопје поради тоа што на 15.09.2019 во парк на ул. „АВНОЈ“ во Скопје со тврд предмет измачувал и усмртил две кучиња.

Со него бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 233 од Кривичниот законик.

Коронавирус