сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 30
home Хроника

МВР со детали: Во тревник пред куќа пронајдено новороденче во Топанско Поле

МВР со детали: Во тревник пред куќа пронајдено новороденче во Топанско Поле

Новородено бебе било пронајдено вчера во населата Топнаско Поле, потврдува МВР. Вчера во 11:45 часот во СВР Скопје, од граѓанин било пријавено дека на бул. „Македонско-косовска бригада“, во тревник пред куќите, имало бебе кое плачело.

Од екипа на Итна медицинска помош бебето било однесено во Детската клиника и било во добра здравствена состојба. Идентитетот на бебето и мајката се уште е непознат. За настанот се запознаени социјални работници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.