вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 108
home Хроника

МВР со детали: Маж од Кочани извршил обљуба на малолетничка

МВР со детали: Маж од Кочани извршил обљуба на малолетничка

На 06.12.2021 околу 15:10 часот на ул.„Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Е.И.(32) и С.А,(24) двајцата од Гостивар, поради сомнение дека заедно со Р.Л.(37) од Кочани извршиле „измама“.

По документирање на случајот против двајцата изготвен е поднесок.

Во врска со веќе приведениот Р.Л., кој беше задржан во Полициската станица Гостивар, истиот ден, во 14:25 часот 29-годишна гостиварка пријавила дека тој на 23/24.11.2021, извршил обљуба на нејзината малолетна ќерка.

Со соодветен поднесок за „измама“ и „полов напад врз дете“, Р.Л. е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена, по што денеска (07.12.2021) е спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.

Коронавирус