петок, 5. март 2021. Вести денес: 165
home Хроника

МВР повторно удри по џебот на граѓаните: Полицијата коси во Скопје, само вчера изречени вртоглав број на казни

МВР повторно удри по џебот на граѓаните: Полицијата коси во Скопје, само вчера изречени вртоглав број на казни

На територијата на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции.

Од МВР денеска информираа дека од нив девет се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 21 мерка за користење на мобилен телефон. Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за непочитување на брзината на движење и 71 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус