недела, 5. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Хроника

МВР: Идентитетот на починатото лице пронајдено во сендвичара се уште не е познат

МВР: Идентитетот на починатото лице пронајдено во сендвичара се уште не е познат

Министерството за внатрешни работи се уште работи на утврдување на идентитетот на лицето кое вчера беше пронајдено починато во објект на поранешна сендвичара на ул.„Дрезденска“ во Скопје.

Од МВР велат дека се претпоставува дека се работи за бездомник, бидејќи во објектот имало импровизиран кревет.

Случајот кај нив бил пријавен околу 14:30 часот, по што од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а се работи на утврдување на идентитетот.-

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, информираат од МВР.

Парламентарни избори 2020