Фудбалскиот клуб Кул ги демантираше денешните информации објавени во дел од медиумите, кои го цитирале дневниот билтен на МВР, а во кој е напишано дека овој клуб бил инволвиран во инцидент кој се случил вчера во Третата лига.
Поради овој настан, фудбалскиот клуб од излезе со соопштение до јавноста.
Имено, нашиот клуб во текот на вчерашниот ден воопшто не играше натпревар, а за тоа кои се причините поради кои името на ФК Кул е вмешано во инцидентот, можеме само да нагаѓаме, се вели во соопштението од клубот.
loading...