вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 195
home Хроника

МВР: 34 санкции за брзо возење на територијата на СВР Велес

МВР: 34 санкции за брзо возење на територијата на СВР Велес

Денеска (11.09) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 34 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Локални избори 2021