четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 59
home Хроника

МВР: 182 сообраќајни прекршоци во Скопје, 46 за брзо возење

МВР: 182 сообраќајни прекршоци во Скопје, 46 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 62 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Локални избори 2021