четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 122
home Хроника

МВР: 155 санкции за непрописно престигнување на територијата на цела држава

МВР: 155 санкции за непрописно престигнување на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (12.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 155 возачи. Од нив, 64 на територијата на СВР Тетово, а 23 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коронавирус