сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 50
home Хроника

Му ставиле пломба на угостителскиот објект, сам ја извадил, па го уапсија

Му ставиле пломба на угостителскиот објект, сам ја извадил, па го уапсија

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе  кривична пријава против  Б.Б.(35) од село Неготино, гостиварско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“.

На  05.01.2021 од 19:30 до 20:20 часот, од полициски службеници од ПС Гостивар по извршена контрола во угостителски објект во село Неготино, гостиварско каде објектот поради непочитување на работното време до 18:00 часот бил – пломбиран од Државен пазарен инспекторат со уредно поставена налепница (службен печат).

Пријавениот Б.Б. ја оштететил – скинал налепницата, во присуство на полициски службеници од ПС Гостивар и  Државниот пазарен инспекторат, по што од Државен пазарен инспекторат повторно била поставена нова налепница, додека пријавениот од полициските службеници од ПС Гостивар бил лишен од слобода и задржан во ПС Гостивар.

ЕУРО 2020

Македонија