среда, 14. април 2021. Вести денес: 48
home Хроника

Му организирале свадба на синот со 300 гости, а потоа следувало вистински хаос откако полицијата упаднала во ресторан во Струмица

Му организирале свадба на синот со 300 гости, а потоа следувало вистински хаос откако полицијата упаднала во ресторан во Струмица

На 28.02.2021, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен Јавен обвинител.

Коронавирус