среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 136
home Хроника

Мртов маж пронајден во близина на планинарски дом во Маврово- еве ги деталите

Мртов маж пронајден во близина на планинарски дом во Маврово- еве ги деталите

Вчера околу 20 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека во с.Ниќифорово, на околу 500 метри од Планинарскиот дом, бил пронајден починат У.Ј (80) од Гостивар.

Доктор од Здравствен дом-Маврово констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на судска медицина.

Коронавирус