среда, 18. септември 2019. Вести денес: 1
home Хроника

Моторџиите синоќа имаа проблеми со полицијата: Голем број од нив добија казни

Моторџиите синоќа имаа проблеми со полицијата: Голем број од нив добија казни

Во периодот од 20:00 часот на 06.07.2019 до 01:00 часот на 07.07.2019, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за Прекршоци од возачи на мотори.

Притоа, сторени се вкупно 81 прекршок од возачи на мотори и издадени им се 78 прекршочни платни налози и три мандатни платни налози.

Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.