четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Мотор се судри со камион, мотоциклистот тешко повреден

Мотор се судри со камион, мотоциклистот тешко повреден
илустрација

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13:30 часот на регионалниот пат Негорци – Прдејци.

-Во сообраќајната незгода учествувале мопед „лифан“ со велешки регистарски ознаки управуван од Н.П. (40) од С. Негорци и товарно моторно возило „там“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(36) од Гевгелија, велат од МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Гевгелија.

Коронавирус