сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Мотор излета од пат кај Враништа, повредени две лица

Мотор излета од пат кај Враништа, повредени две лица

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 19 часот се случила на регионалниот пат Струга – Дебар, кај селото Враништа.

Во несреќата информира СВР Охрид, мотоцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.З.(44) од Враништа, излетал од патот.

-Возачот на мотоциклот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди. Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобил сопатникот К.Ш. (19) од струшкото село Јабланица, посочуваат од охридската полиција.

По овластување на Јавен обвинител, увид извршиле полициски екипи.

Коронавирус