понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 121
home Хроника

Мотоциклист удрил во паркирано возило, со тешки повреди пренесен во болница

Мотоциклист удрил во паркирано возило, со тешки повреди пренесен во болница

На ул.„Фуштанска“ во Скопје вчера на пладне се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „хонда ЦРФ“, без регистарски ознаки,  управуван од А.С.(25) од Скопје удрил во патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано од М.П.(35) од Скопје.

-Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус