вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Хроника

Мотоциклист удрил во паркирано возило, со тешки повреди пренесен во болница

Мотоциклист удрил во паркирано возило, со тешки повреди пренесен во болница
илустрација

На 31.07.2020 околу 14.45 часот на ул.Којник во Велес се случила сообраќајна незгода во која моторцикл „кивеј“ без регистарски ознаки управуван од Т.К.(45) од Велес удрил во паркирано патничко моторно возило„опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Л.П.(55) од Велес.

Со возило на итна медицинска помош моторциклистот бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Коронавирус