вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 27
home Хроника

Мотоциклист удрил велосипедистка, тинејџерката тешко повредена

Мотоциклист удрил велосипедистка, тинејџерката тешко повредена
илустрација

На 10.09.2021 околу 13.30 часот на ул.Јордан Мијалков во Скопје, мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ш.(51) од Скопје, удрил во велосипедистката Е.Ѓ.(18) од Скопје.

-По незгодата Е.Ѓ. била пренесена во градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од доктор и се констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус