сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Гостивар

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Гостивар

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повредни во сообраќајна несреќа на улицата „Кеј Братство единство“ во Гостивар.

До несреќата дошло кога 21-годишниот мотоциклист се судрил со 58-годишен маж кој управувал патничко моторно возило со гостиварски регистерски ознаки.

По укажаната лекарска помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, мотоциклистот бил префрлен на скопските клиники. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус