петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 70
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
илустрација

Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера во 20,35 часот се случила на улица „Методија Андонов Ченто“.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило „Рено Лагуна„  управувано од А.К.(28) од Скопје се судрило со мопед Хамачи управуван од Б.С.(65) од Скопје.

-По случената незгода учесникот Б.С. со  возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски„ за укажување лекарска помош каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.