вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 146
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје, итно пренесен во Ургентен

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје, итно пренесен во Ургентен
илустрација

Едно лице се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14.30 часот на бул.„8-ми Септември“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека незгодата се случила помеѓу мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(42) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(41) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Б.Ј. и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.  Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Коронавирус