среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 177
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 07.11.2019 во 12.45 часот на улица „Благоја Стефковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „апачи“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(32) од Скопје и патничко возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од И.П.(31) од с.Вевчани, струшко, при што било оштетено и паркираното патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.