вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 159
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Куманово

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Куманово
илустрација

На 30.06.2020 во 15.30 часот во Куманово, на ул.„Никола Тесла“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А3“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(54) и мопед „априлија“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Ж.(19), и двајцата од Куманово.

-Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус