петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци
илустрација

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која вчера се случила на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци.

Во несреќата, информираат од МВР, учествувале автомобил „Опел корса“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(28) и мотоцикл, управуван од Љ.П.(24) од Кавадарци.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница Кавадарци, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.