Сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (26) од с.Виниче и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р. (49) од с.Сарај, скопско се случила вчера во Ѓорче Петров.
Од полицијата информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мототциклот, кој бил пренесен во Ургентен центарт при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.