четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 82
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Центар

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Центар
илустрација

Едно лице е тешко повредено и пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош по сообраќајна несреќа.

Истата се случила вчера во 13,40 часот на булеварот „Гоце Делчев“ помеѓу  „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.С.(36) од с.Идризово и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.Ѓ.(37) од Скопје.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Локални избори 2021