Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила вчера на крстосница од патот Битола-Прилеп и Битола-Демир Хисар.
Несреќата се случила помеѓу товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К.(26) од с.Радишани-скопско, и мопед „Томос“ со битолски регистарски ознаки управуван од Д.Б.(77) од Битола.
-Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Битола.