Триесет и четири годишниот кичевец Д.М. е тешко повреден по пад од мотор.
Несреќата се случила вчера во 14 часот на ул.„Партизански одреди“ во Кичево, кога Д.М. управувајќи мотоцикл „зонгшен“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
-Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево, информираат од МВР.