среда, 28. јули 2021. Вести денес: 118
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден по судир со мопед

Мотоциклист тешко повреден по судир со мопед

На 20.08.2020 во 16.15 часот било пријавено дека во Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „генерикс“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.М.(23) од Куманово и мотоцикл „пијаџо“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(52) од Куманово, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.А., констатирани во Медицинскиот центар Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус