сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 30
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден по пад од „Кавасаки“

Мотоциклист тешко повреден по пад од „Кавасаки“

Скопјанецот Ш.З.(28) се здобил со повреди во текот на вчерашниот ден управувајќи мотоцикл „кавасаки“.

Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 14:30 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“  во момент кога тој изгубил контрола и паднал.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ Скопје, за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Коронавирус