среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Мотоциклист тешко повреден по пад на коловоз

Мотоциклист тешко повреден по пад на коловоз
илустрација

На 12.02.2020 во 14.15 часот било пријавено дека на локалниот пат од с.Д.Липовиќ кон с.Г.Липовиќ, на место викано „Дебела бандера“, М.М.(67) од с.Ракитец, општина Конче, управувајќи мотоцикл „шерк 110“ без регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Радовиш.