понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 84
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден на патот Гостивар-Кичево

Мотоциклист тешко повреден на патот Гостивар-Кичево
илустрација

Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила вчера во 15:45 часот, на крстосницата на магистралниот пат Гостивар-Кичево со локалниот пат за с.Зајас.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „голф“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.Ј.(51) од кичевското село Колари и мотоцикл „гланз“, управуван од А.И.(31) од с.Зајас.

Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево.

Локални избори 2021