понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мотоциклист со тешки повреди итно пренесен на Клинички по сообраќајка во Кочани

Мотоциклист со тешки повреди итно пренесен на Клинички по сообраќајка во Кочани

На 20.06.2018 година околу 11.40 часот на крстосницата од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Бел Камен“ во Кочани дошло до судир помеѓу патничко возило „Опел Инсигнија“ со италијански национални ознаки, управувано од Р.Ф. (47) од с.Елово, општина Студеничани и мотоцикл „Сузуки“ со бугарски национални ознаки управуван од Н.З. (31) од с.Тркање, кочанско.

Во незгодата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани.