понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист се заби во автомобил: Уште една тешка несреќа во Македонија

Мотоциклист се заби во автомобил: Уште една тешка несреќа во Македонија

Во 18.20 часот на улицата„Македонија“ во селото Злетово, пробиштипско, дошло до судир помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Н.З. од Злетово и мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од 38-годишниот Т.В.  од Кнежево, кратовско.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Т.В. кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом Кратово и Клиничка болница Штип, бил препратен во Ургентен центар  при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.

Коронавирус