петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 125
home Хроника

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Скопје

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Скопје
илустрација

На крстосница од бул.„Св.Климент Охридски“ и ул.„Димитрије Чуповски“ вчера во 16 часот се случила сообраќајна незгода.

-Во несреќата учествувале патничко моторно возило„пежо“, управувано од У.Л.О.(43) од Р.Турција и моторцикл „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(57) од Скопје. По незгодата на П.С. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од доктор му биле констатирани повреди, информира МВР.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.

Коронавирус