петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Хроника

Мотоциклист повреден во сообраќајка на патот Стар Дојран-Нов Дојран, пренесен на Клинички во Скопје

Мотоциклист повреден во сообраќајка на патот Стар Дојран-Нов Дојран, пренесен на Клинички во Скопје

Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Стар Дојран-Нов Дојран.

Од МВР информираат дека несреќата се случила меѓу патничко возило „Поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ж.С. (24) од село Фурка, дојранско и мотоцикл „Кавасаки“ без регистарски ознаки, управуван од И.Т.(27) од Нов Дојран.

-Во незгодата со повреди се здобил мотоциклистот И.Т., кој со возило на Итна медицинска помош  бил пренесен во Здравствен дом Гевгелија, а потоа префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, стои во полицискиот билтен

Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус