среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 166
home Хроника

Мотоциклист повреден во сообраќајка кај Оровничка плажа

Мотоциклист повреден во сообраќајка кај Оровничка плажа
илустрација

На регионален пат Охрид-Струга кај место викано „Оровничка плажа“ во Охрид вчера вечерта се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фиат“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.С.(40) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки управуван од Б.М.(39) од с.Мислешево,струшко.

-По незгодата од доктор на Б.М му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош, информира МВР.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Коронавирус