петок, 17. септември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист потешко повреден во сообраќајка во Скопје

Мотоциклист потешко повреден во сообраќајка во Скопје
илустрација

Еден возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди, a 22 со лесни телесни повреди во 15 од вкупно 35 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 20 сообраќајни незгоди е причинета само материјална штета.

Според МВР полицијата санкционирала 91 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, 55 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 22 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет возачи почетници.

Од сообраќај биле исклучени и еднотехнички неисправно возило, 13 нерегистрирани, 24 непрописно паркирани моторни возила и 210 за непрописно паркирање. Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 134 возила.

Санкционирани се и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 15 возачи кои поминуваат на крстосница на црвено светло, шест возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, 37 за не поседување пропишана зимска опрема во возила, 10 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на мот. возила и 19 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Коронавирус