петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Хроника

Мотоциклист излета од патот, тешко повреден итно пренесен во болница

Мотоциклист излета од патот, тешко повреден итно пренесен во болница
илустрација

На 02.06.2019 во 11:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Извор, мотоцикл „Јамаха“, управуван од Д.С.(23) од с.Тремник-неготинско изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Д.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во oпштата болница Велес, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес.