сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 8
home Хроника

Мотоцикл се судри со товарно возило, повредено младо момче

Мотоцикл се судри со товарно возило, повредено младо момче

На 27.06.2022 околу 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица која ги поврзува бул.„Никола Карев“ со бул.„Александар Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од Ф.Ф.(48) од с.Љубин, скопско и мотоцикл, управуван од Ф.Б.(21) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

По несреќата, Ф.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус