недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 62
home Хроника

Моника Ристовска осудена на една година затвор

Моника Ристовска осудена на една година затвор

Активистката Моника Ристовска е осудена на една година затвор, за „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Согласно член 47 од Кривичниот законик на обвинетата Ристовска во изречената казна затвор и се засметува и времето поминато во притвор сметано од 11. 05. 2019 година до започнување со издржување на изречената казна затвор. Судот не и ја отповика претходната условна осуда.

На 10-ти мај оваа година на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14, 46 грама канабис.

Извор: ФОКУС

Коронавирус