недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Момчињата на педалинката биле непливачи и не носеле елеци за спасување

Момчињата на педалинката биле непливачи и не носеле елеци за спасување

Повеќе од 20 часа трае потрагата по 16-годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското езеро. Момчето заедно со двајца другари се возеле со педалинка, по што му се губи трагата. Нуркачите, за телевизија „Телма“ изјавиле дека трите момчиња биле непливачи, но никој од нив не носел елек за спасување.

Засега е неизвесно дали 16 годишникот скокнал или се лизнал од педалникта. Сопстеникот на педалинките пак тврди дека децата скокале во езерото.

-Тие учат заедно со моето дете, многу ни е криво. Педалинката беше исправна, не беше превртана, немаше вода во неа. Некој рекол дека педалинката е превртена, нема такво нешто, децата скокаа од педалинката, изјави Ведат Адемовски, сопственик на педалинките за „Телма“.

Коронавирус