понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 155
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Момче тешко повредено во сообраќајка во Старо Нагоричане

Момче тешко повредено во сообраќајка во Старо Нагоричане

Дваесет и три годишно момче од Куманово е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, во с.Старо Нагоричане, на место викано „Попчевци“.

Во несреќата „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од Ч.С.(69) од Куманово, удрило во пешакот С.С.(23) од Куманово.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус