недела, 28. мај 2023. Вести денес: 82
home Хроника

Момче тешко повредено во сообраќајка, со автомобилот паднал во Маркова река

Момче тешко повредено во сообраќајка, со автомобилот паднал во Маркова река

На 12.03.2018 година во 14:25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден Р.Ш.(21) од с.Батинци-скопско.

Тој се здобил со тешка телесна повреда, фрактура на лева клучна коска, при сообраќајна незгода во која управувајќи патничко моторно возило„Голф“ со скопски регистерски таблици излетал од коловозот и паднал во Маркова река.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.