вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Хроника

Момче тешко повредено во сообраќајка, итно пренесено на скопските клиники

Момче тешко повредено во сообраќајка, итно пренесено на скопските клиники

Дваесет и едно годишниот А.Д. од гостиварско Дебреше е тешко повредено во сообраќајна несреќа која влера се случила на регионалниот пат село Градец – Гостивар.

А.Д. управувајќи автомобил „Рено клио“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во бетонска бандера.

-Возачот со друго возило бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 

Коронавирус