понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 150
home Хроника

Момче тешко повредено, со автомобил излетал од пат

Момче тешко повредено, со автомобил излетал од пат

Демиркапиец тешко се повредил откако синоќа со возило излетал од патот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Во 23:20 часот на новата обиколница во Демир Капија, во близина на крстосница со улица „Јане Сандански“, патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(20) од Демир Капија, излетaло од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.

Извршен бил увид на местото на настанот.

Коронавирус